НЕ СЕ СИТЕ ЗАДОВОЛНИ ВО РИЕКА

Ристовски замина за Португалија, а Кек не оди на прес

По веста за трансферот на Македонецот во португалскиот великан, словенечкиот стратег негодувал за идејата на раководството на хрватскиот првак, пренесуваат хрватските медиуми...

објавено: 6 август 2017 - 12:30

Голем удар доживеа екипата на Риека во обидите да стигне до групната фаза во Лигата на Шампионите.

Нашиот Стефан Ристовски заминува на Пиринејскиот полуостров, и тоа во екипата на Спортинг од Лисабон, и тоа пред двомечот против атински Олимпијакос.

Игледа дека под знак прашалник се поставува тоа дека популарниот „Риле"против Ред Бул можеби го одигра и својот последен меч за Риека, или пак простувањето ќе биде во „Градскиот врт" во Осиек.

Тоа пред се зависи од финализирањето на трансферот, како и одлуката на тренерот Матјаж Кек. Помалку симптоматично, Словенецот ја прескокна прес конференцијата пред гостувањето во Осиек.
Од кои причини, остана неразјаснето, но дефинитивно на кек не му се допаднала идејата на клупските челници да го ослободат Ристовски пред дуелите со тимот од Пиреја.

Најново во Фудбал