Човекот што е меѓу најзаслужните за подемот на Илија

Самир Топлак: Несторовски е фраер и фајтер, Динамо, Хајдук и Риека се комедија

Претходниот тренер на Илија Несторовски, Самир Топлак, открива дека нашиот репрезентативец им бил понуден на Динамо, Хајдук и Риека за сума од 200 илјади евра, а хрватското трио според него ептен ја утна работата

објавено: 24 ноември 2016 - 11:40

Претходниот тренер на Илија Несторовски, Самир Топлак, открива дека нашиот репрезентативец им бил понуден на Динамо, Хајдук и Риека за сума од 200 илјади евра, а хрватското трио според него ептен ја утна работата. Топлак е тренер на Интер Запрешиќ, клуб каде настапуваше Несторовски, пред да замине во Серија А, во Палермо.

„Илија е вистински лидер и мотиватор на терен. Фраер и фајтер, кој никогаш нема да се откаже од битка за голови и за бодови. И фудбалер што со некаква магија ги избегнува повредите. И таков квалитет не успеаја да препознае нашето трио клубови, Динамо, Хајдук и Риека. А, нашето раковдоство беше подготвено да им го продаде за само 200 илјади евра. И тогаш ми беше чудна млитавата реакција на клубовите, а од сегашна перспектива челните луѓе на Динамо, на Хајдук и на Риека ми се жива комедија“, вели Топлак.

Несторовски и во Интер Запрешиќ даваше голови и беше прв стрелец во ХНЛ лигата, пред да замине во Палермо. Маурицио Зампарини имаше малку повеќе чувство за квалитетите на македонскиотм шпиц и го купи за 500 илјади евра. И сега има вистинска гол-машина што вреди најмалку десеткратно повеќе во моментов.

Несторовски стрела рафално во првата сезона во Серија А и со 7 погодоци, речиси сам во Палермо им пркоси на калчолигашите. Сите останати имаат дадено само три гола за клубот од Сицилија.

Најново во Фудбал