“РЕМИ“ НА КОЊАСПОР ВО ДУЕЛОТ СО ГЕЗТЕПЕ

Само бод за Јаховиќ, Коња и натаму стравува за својот опстанок

објавено: 12 мај 2018 - 20:16

Коњаспор и Адис Јаховиќ денеска пропуштија и дефинитивно да го обезбедат опстанокот во Супер Лигата на Турција. Јаховиќ ги играше последните 27 минути од мечот на домашен терен против неговиот поранешен тим Гезтепе. И гостинот имаше водство од 0:1, се до последните мигови кога Коња успеа да постигне гол и да израмни. 

Сепак, и покрај желбата да даде гол, и да победи Коњаспор, сепак, со тој резултат заврши натпреварот, и сега Коњаспор до последен миг ќе стравува за својот опстанок во Лигата. Се ќе зависи од Османлиспор што ќе направи со Бешикташ утре на свој терен. Ако загуби, тогаш и дефинитивно Коњаспор ќе остане во најдобрата Лига во Турција, а шансите за такво нешто се реални. Доколку се случи чудо и триумф на Османлиспор, тогаш Коња до последен миг ќе стравува за својот опстанок, со оглед дека во последното коло игра со Фенербахче на гостински терен во Истанбул. 

 

Најново во Фудбал