Има место во идеалните 11

Савиќ и Муарем заслужија место во тимот на колото во Казахстан (Фото)

Муарем Муарем му подготвуваше гол-шанси на Душан Савиќ со прекрасни асистенции, а некогашниот репрезентативец на Македонија умешно погоди на двапати, па и двајцата се најдоа во идеалниот тим на 19. коло во казахстанското првенство

објавено: 11 јули 2017 - 11:30

Муарем Муарем му подготвуваше гол-шанси на Душан Савиќ со прекрасни асистенции, а некогашниот репрезентативец на Македонија умешно погоди на двапати, па и двајцата се најдоа во идеалниот тим на 19. коло во казахстанското првенство.

За Муарем, кој како и Савиќ има настапи за А селекцијата на Македонија, ова беше прв меч за Актобе и веднаш блесна со две асистенции. Савиќ е исто така тазе член на Актобе и го играше вториот меч за новиот клуб. Актобе го победи Окжетпес со 3:0 за бегство од долниот дел на табелата.

Најново во Фудбал