ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ЛИСАБОНСКИТЕ „ЛАВОВИ"

Се распаѓа ли Спортинг, што ќе биде со Ристовски?

Петмина фудбалери на екипата од Лисабон поднесоа барања за раскин на договорот, а целата таа приказна ја отвори Желсон Мартинс, откако „зелено-белите" одбија дури две понуди кои им ги испрати Арсенал.

објавено: 11 јуни 2018 - 21:30

Покрај Мартинс, писма до раководството на Фудбалската федерација на Португалија им испратиле и Вилијам Карваљо, И Бруно Фернандеш, а претходно, истото го направија и голманот Руи Патрисио и Даниел Поденсе.
Минатата седмица Арсенал понуди 30.милиони евра са услугите на Мартинс, но Спортинг до одби тоа барање, а новата понуда стигна во текот на денот. Но не за некоја поголема сума, односно двојно помала од откупната клаузула која ја има Мартинс.
Оттука реши да повлече еден друг потег, да побара раскин преку федерацијата.
Овој 23. годишен фудбалер беше и едне од најдобрите во составот на Спортинг затоа што имаше по 13. голови и исто толку асистенции на 52 одиграни мечеви.
Откако стигна информацијата дека Мартинез поднел барање за предвремен раскин на договорот, објавено е дека истото го направиле и Карваљо и Фернандеш, после проблематичната сезона на Спортинг каде настапува и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Како на теренот, така и надвор од него.

Шампионатот во Португалија „лавовите" го завршија на третата позиција, зад Порто и Бенфика, но тоа не е главниот проблем со кој се соочува клубот од Лисабон.
Претседателот Бруно Де Карваљо после елиминацијата во Лига Европа од мадридски Атлетико, најави дека ќе суспендира дури 19. фудбалери од првиот тим после јавната вербална војна, а потоа се откажа од тоа
Минатиот месец бројни фудбалери на Спортин беа нападнати во нивниот тренинг центар, како револт што тимот не стигна до место во следното издание на Лигата на Шампионите.

 

Најново во Фудбал