РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА СО УШТЕ ЕДЕН ПЕХАР

СЕ ВРАТИ АРИЈАН, СЕ ВРАТИЈА ТРОФЕИТЕ: Адеми се закити и со Купот

Аријан е „магнет“ за титули. По враќањето на терените, со неговиот Динамо Загреб дојде повторно до двојна круна

објавено: 23 мај 2018 - 23:17

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми се врати на терените по двегодишна пауза, и веднаш направи успех со Динамо. Репрезентативецот на титулата од пред неколку дена, вечерва го додаде и Купот на Хрватска. Неговиот клуб славеше над вечниот ривал Хајдук во финалето, и така на крајот дојде до вториот пехар. 

„Дали титулите се фини? Двојната круна се врати онаму каде што припаѓа. Те сакам Динамо“, напиша Адеми на својот „Фејсбук“ профил. 

Дали со овој статус Македонецот става крај на шпекулациите дека летово ќе си замине од Динамо? Ќе покаже времето, но сигурно дека и „модрите“ нема така лесно да се откажат од својот фудбалер кој што покажа колку недостасува на хрватскиот шампион. 

Најново во Фудбал