Не му тргна добро

Седлоски е на мака, Рига пак претрпе пораз

Гоце Седлоски има лош старт во новиот клуб Рига од Летонија, а денеска повторно е поразен во градското дерби со Фудбалската Академија на Рига, или РФС

објавено: 8 април 2018 - 15:30

Гоце Седлоски има лош старт во новиот клуб Рига од Летонија, а денеска повторно е поразен во градското дерби со Фудбалската Академија на Рига, или РФС.

Мечот почна добро за Седлоски и неговите избраници, кои поведоа со 1:0, но потоа се случи пресврт и пораз од 1:2. И на дебито Гоце не најде рецепт да избегне неуспех, Рига беше поразена со 0:1 од Лиепаја, па по две кола во летонското првенство останаа без бодови.

Седлоски во зимскиот преоден рок го презеде кормилото на Рига, еден од најбогатите клубови во Летонија, но стартот е лош, со два порази.

Најново во Фудбал