Прв меч за нашиот младински репрезентативец за новиот клуб

Сефте за Ѓорѓев во Твенте со пораз од Феенорд (Видео)

Никола Ѓорѓев дебитираше за Твенте на стартот од новото издание од холандското првенство, а подобар беше шампионот Феенорд и победи со 2:1

објавено: 13 август 2017 - 16:28

Никола Ѓорѓев дебитираше за Твенте на стартот од новото издание од холандското првенство, а подобар беше шампионот Феенорд и победи со 2:1.

Ѓорѓев беше стартер и одигра 75 минути за Твенте, клуб во кој пристигна летово од Грасхоперс. Нашиот младински репрезентативец ја почуствува извонредната атмосфера на „Де Кујп“ во Ротердам, а и покрај поразот и тој и Твенте одиграа добар меч. Белег на дуелот беше феноменалниот гол на Фредрик Јенсен за Твенте во 37. минута, кога со волеј откосо од двесеттина метри го погоди спротивниот агол.

Најново во Фудбал