НЕ ПОСТОЈАТ ПРЕЧКИ ЗА ТИМОТ ОД ЗАПРЕШИЌ

Секој ден авантура: Несторовски и компанија патуваат со сплав за да не бидат застрелани (ВИДЕО)

Приказната на Интер Запрешиќ е веројатно единствена во светскиот професионален фудбал.

објавено: 2 март 2016 - 11:39

Тимот каде настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е принуден на тренинзи да оди со сплав за фудбалерите да не бидат случајно застрелани. На таквата ситуација кумуваат временските услови и сезоната на лов во загрепското предградите Запрешиќ.

Околината е ловно подрачје и затоа никому не е препорачливо да истражува, а поради дождовите, теренот на кој обично Интер тренира сега е покриен со вода и кал. Затоа, фудбалерите секој ден, еднаш или два пати, ја минуваат Сава со сплав и патуваат во соседното место Медсаве каде тренираат и потоа се враќаат назад.

Дури и во такви услови, Интер е едно од најпријатните изненадувања во хрватскиот фудбал. Не само што цврсто се држи до средината на табелата, туку и го дава најдобриот стрелец во првенството - нашиот Илија Несторовски.

Најново во Фудбал