ГОЛЕМ РЕЗУЛТАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР ВО БОСАНСКИОТ КУП

Сензација: Седлоски и Широки Бријег го елиминираа шампионот Железничар! (ВИДЕО)

Денеска во 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Босна и Херцеговина, составот на Широки Бријег со 2:0 на домашен терен го елиминираше Железничар кој беше досега бранител на трофејот од ланската сезона.

објавено: 19 септември 2018 - 21:32

Триумф на Широки Бријег предводен од македонскиот тренер Гоце Седлоски благодарение на погодоците на Кожул во 29-та и Квесиќ во 53. мин. за пласман во осминафиналето од натпреварувањето.

Иако во 90. минута домаќините остана без еден играч на теренот поради црвениот картон на Билобрк, успеаја до крајот да ја задржат предноста и го прослават успехот.

Денеска имаат успешни настапи нашите претставници во босанскиот куп, претходно Крсте Велкоски со еден фантастичен волеј му донесе триумф на Сараево. Повеќе можете да прочитате ТУКА

Најново во Фудбал