Се е договорено

Сензационален трансфер - Јаховиќ од јануари ќе игра за Галатасарај

Адис Јаховиќ е пред сензационален потпис со гигантот Галатасарај. Гезтепе попушти на огромниот притисок на раководството на Галатасарај, па веќе е се договорено, и остануваат само детали до комплетирањето на соработката, со што Јаховиќ од јануари ќе го носи дресот на славниот турски клуб

објавено: 7 ноември 2017 - 14:25

Адис Јаховиќ е пред сензационален потпис со гигантот Галатасарај. Гезтепе попушти на огромниот притисок на раководството на Галатасарај, па веќе е се договорено. Остануваат само детали до комплетирањето на соработката, со што Јаховиќ од јануари ќе го носи дресот на славниот турски клуб.

Тренерот на овој тим наредил да се ангажира нов голгетер, и покрај тоа што го има првиот стрелец во Лигата Бафатеми Гомис и Ерен Дердијок. Сега доаѓа и Јаховиќ кој е ко-лидер со Гомис во силната туска лига, што комплетира страшен напад. Двајцата имаат по 11 погодоци и се заедно на врвот на листата на стрелците во Турција.

Јаховиќ ќе биде вториот играч од Македонија кој ќе игра во овој тим по Горан Пандев. 

Најново во Фудбал