НЕМА ДА СЕ ЗАБОРАВИ ЛЕСНО ГОЛОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ ПРОТИВ ХЕТАФЕ

Шпанците во чудо: Барди најголем мајстор за слободни удари во „Ла Лига“? (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од најсилната Примера беше најзаслужниот за трите бода на Леванте на гостувањето кај Хетафе (0:1). Од скоро 30. метри од слободен удар фантастично погоди во горниот агол, дефинитивно голманот на домаќините не можеше ништо да направи. За него ова беше шести гол од слободен удар во дресот на Леванте во „Ла Лига".

објавено: 11 октомври 2018 - 16:00

Македонскиот репрезентативец моментно е на подготовки со селекцијата за новите два натпревари во УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија.

На официјалниот сајт на шпанската „Ла Лига" е направено видео по повод фантастичниот погодок на нашиот интернационалец и е поставено прашање дали Енис Барди е најдобриот изведувач на слободни удар во Примера?

Зошто да не, бидеме сведоци на нови спектакуларни голови и со репрезентацијата, а се надеваме на уште повеќе и во Примера каде што во следното коло после УЕФА Лигата на нации Леванте игра против европскиот шампион Реал Мадрид.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА „ЛА ЛИГА" МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Фудбал