ФАНТАСТИЧНО ИЗРАБОТЕНО ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

ШПАНСКАТА „ЛА ЛИГА“ НАЈАВУВА: Енис Барди VS Лионел Меси! (ВИДЕО)

Наскоро ќе започнат и возбудувањата во најсилната шпанска лига, а официјалниот сајт на Примера објави едно одлично видео.

објавено: 15 август 2018 - 12:50

Станува збор за најдобрите изведувачи, мајстори на слободни удари од минатата сезона, дуел кој што според шпанската „Ла Лига" би требало да продолжи и во новиот шампионат.

Секако од одамна Лионел Меси, ѕвездата на Барселона, го докажа многу пати во изминатите сезони, но лани му пристигна вистинска конкуренција.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во дебитантската сезона во дресот на Леванте блесна особено со погодоците од слободни удари.

Да потсетиме, новата сезона во Примера ќе стартува за два дена, на 17. август од 22:15 ч. Леванте му гостува на Бетис, а наредниот ден Барселона во истиот термин ќе го пречека Алавес.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ВЕБ САЈТ НА ШПАНСКАТА „ЛА ЛИГА" ТУКА

Најново во Фудбал