ОСТАНУВА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ПАЛЕРМО

Што ќе биде со Несторовски: Понуда од Серија А, опција и Турција..!?

Македонскиот репрезентативец својот последен настап го имаше во Купот на Италија каде што едвај неговиот клуб на пенали ја елиминираше Виченца на домашен терен.

објавено: 10 август 2018 - 18:45

Во меѓувреме и понатаму се шпекулира околу иднината на Илија Несторовски, изминатиот период Палермо ангажираше нов напаѓач, станува збор за досегашниот фудбалер на Интер, Романецот Георге Пушкаш.

До затворањето на преодниот рок во Англија, Премиерлигата беше опција, односно се спомнуваше Евертон, но по затворањето на истиот, сега таа опција барем ова лето е исклучена, иако активни се и понатаму позајмиците кои траат до 31. август на Островото.

Вредноста е некаде околу шест милиони евра, лани таа достигнуваше и над 15. Зампарини после неуспехот да се врати клубот во најсилната италијанска лига, неодамна изјави дека Несторовски е играч за Серија А.

Денеска како што пренесуваат италијанските медиуми, Удинезе е клубот кој останува во трка за потписот на нашиот репрезентативен напаѓач , а се спомнува и Турција како можна дестинација каде што пак веќе имаме тројца интернационалци Адис Јаховиќ (Коњаспор), Елиф Елмас (Фенербахче) и Бурсаспор (Јани Атанасов).

Најново во Фудбал