МАКЕДОНСКИОТ БЕК НА „РАДАРОТ“ НА ГЕРМАНСКИ ТИМ

Штутгарт го купува Стефан Ристовски

Германскиот тим веќе почнал преговори за ангажман на македонскиот репрезентативец

објавено: 21 мај 2018 - 16:00

Стефан Ристовски би можел својата кариера да ја продолжи во Германија, во тимот на Штутгарт. Тимот е сериозно заинтересиран за услугите на Македонецот од Спортинг, и веќе се почнати преговори за негов ангажман. 

За Ристовски ова би бил прв предизвик во Германија, со оглед дека во минатото играше во Италија, Хрватска и сега во Португалија. 

Во Штутгарт во минатото играа двајца Македонци. Станува збор за Митко Стојковски и за Срѓан Захариевски кои беа дел од оваа екипа. 

Најново во Фудбал