ДЕСНИОТ БЕК ОСТАНУВА ВО АЛБАНИЈА

Силјановски уште една година во Фљамуртари

Го бараа и од Шкупи, клубови од Хрватска, но на крајот Горан Силјановски се реши да одигра уште една сезона за „црвено-црните“...

објавено: 4 јули 2018 - 20:18

И во наредната сезон Горан Силјановски ќе биде играч на албанскиот прволигаш Фљамуртари. Одличниот десен бек денеска се согласил на продолжување на договорот со „црвено-црните“ за уште една сезона, со што стави крај на надевањата на други клубови дека може да дојдат до неговиот потпис во текот на летниот преоден рок.

Имено, за услугите на Силјановски, екс играч на Ренова и на Работнички, деновиве беа заинтересирани и од страна на амбициозното раководство на скопски Шкупи, но и на неколку клубови од Хрватска. 

Сепак пресуди неговата желба и во следната сезона да игра во добро пзнатото друштво каде што беше во изминатиот период. 

Најново во Фудбал