Давид Бабунски ја отфрли можноста за трасфер во Словенија

„Ситуација не е идеална, но останувам во Звезда“

Капитенот на репрезентацијата до 21 година, Давид Бабунски ги демантираше шпекулациите дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во тимот Олимпија каде настапува неговиот брат, Доријан. 

објавено: 16 ноември 2016 - 13:45

Давид Бабунски засега нема намера да ја напушти Црвена Звезда. Иако капитенот на македонската репрезентација до 21 година ја нема посакуваната минутажа во српскиот тим, тој ги демантираше шпекулациите околу неговиот трансфер во Олимпија.  

„Во моментов не можам да потврдам ништо од сите тие шпекулации. Да, мојата ситуација тука не е идеална, сакам да играм, а ја немам посакуваната минутажа, но од друга страна пак во ниту еден момент не сум имал проблем со тренерот или пак со некој друг. Напротив, имам целосна поддршка од сите нив, дека сум во плановите на Звезда и тоа засега стои.

Знам дека доаѓа преоден рок, знам дека медиумите ќе шпекулираат во перидоот кој следува, но јас еве јавно кажувам дека имам намера да се борам за своето место во Црвена звезда и да го одработам договорот. Конечно, се што е поврзано со мојата кариера зависи и од менаџерот кој далеку повеќе е инволвиран во сите тие приказни. Јас сум единствено сконцентриран на игрите во Звезда", ни изјави Давид Бабунски.

Пред да дојде до Звезда, Давид неколку години играше во младинските селекции на каталонскиот гигант Барселона.

Најново во Фудбал