Комплименти за нашиот двоец

Славен со македонски шарм во битка за опстанок во ХНЛ

Славен Белупо денеска од 18 часот во премиерата на пролетниот дел во ХНЛ ја почнува битката за опстанок против Интер во Запрешиќ, а македонскиот двоец Ивановски и Китановски добија доста комплименти како квалитетни играчи од коли доста ќе зависи и судбината на тимот

објавено: 9 февруари 2018 - 16:40

Славен Белупо денеска од 18 часот во премиерата на пролетниот дел во ХНЛ ја почнува битката за опстанок против Интер во Запрешиќ, а македонскиот двоец Ивановски и Китановски добија доста комплименти како квалитетни играчи од коли доста ќе зависи и судбината на тимот.

Мирко Ивановски е стандарден член на првата постава на Славен и е трет стрелец во шампионатот со 8 погодоци, колку што има и Хебер од Риека. Од него ќе зависат многу работи во офанзивата на Славен, истакнуваат хрватските новинари.

И Томе Китановски и е познат на хрватската фудбалска јавност, бидејќи играше за Истра од Пула, а зимово се пресели во Копривница. И тој е најавен како стартер во тимот на Томислав Ивковиќ, како десен бек. 

Томе ќе донесе цврстина во одбраната на Славен, а веќе одлично ги познава приликите во хрватскиот фудбал, па нема да има проблеми во новата средина, се очекувањата на претставниците на „седмата сила“ во Хрватска.

Најново во Фудбал