На поразите, во Палермо се приклучија и финансиски проблеми

„Случајот Дибала“ ќе го омекне Зампарини да го продаде Несторовски

Илија Несторовски е се поблиску до заминување од Палермо, а на одличните игри и големиот интерес на клубови од топ-5 фудбалски првенства за него, се надоврзаа и финансиските проблеми на сопственикот на Палермо, Маурицио Зампарини

објавено: 18 декември 2016 - 09:20

Илија Несторовски е се поблиску до заминување од Палермо, а на одличните игри и големиот интерес на клубови од топ-5 фудбалски првенства за него, се надоврзаа и финансиските проблеми на сопственикот на Палермо, Маурицио Зампарини.

Уникредит си повлече 2,5 милиони евра од сметката на Палермо, со што привремено го блокира нормалното функционирање на клубот. „Капак“ на проблемите е и одлуката на Арбитражниот Суд за Спорт. кој пресуди, Зампарини како сопственик на Палермо, да исплати околу десет милиони евра на менаџерската агенција „Маскарди“ за Пауло Дибала. Дибала беше играч на Палермо пред да се пресели во Јувентус.

По ова, зимскиот преоден рок за Палермо ќе биде мошне проблематичен, па клубот кој имаше намера да се засили во битката за опстанок во Серија А, ќе мора да продава играчи.

Највредното во моментов е Илија Несторовски, за кого има сериозен интерес од дузина клубови, меѓу кои фаворити се Севилја и Аталанта.

Иако Зампарини досега истакнуваше дека македонскиот репрезентативец не е за продажба, финансиските проблеми не му оставаат многу простор за маневар. Речиси сигурно е дека првиот стрелец на Палермо ќе си замине, а се споменува и трансфер на Оскар Хилјемарк.

Палермо моментно е екипа со најмалку бодови од сите клубови од Топ-5 првенствата, со само 6 бода, со најдолга серија порази (9) и со најлоша гол разлика (минус 20). 

Најново во Фудбал