Си фати стандардно место од почеток

Успешно ја почна финската авантура - Шишковски дебитираше за Лахти со победа

Дамјан Шишковски со победа ја почна финската авантура во Лахти, а пред фаворитот падна ТПС од Турку

објавено: 8 април 2018 - 16:06

Дамјан Шишковски со победа ја почна финската авантура во Лахти, а пред фаворитот падна ТПС од Турку. Првиот меч од новото издание на финското првенство и сефте за нашиот голман беше интересно. Шишковски успеа да ја сочува мрежата 88 минути, но потоа набрзина прими два гола. Во 89. минута при предност на Лахти од 3:0 го совлада Миловиќ, а потоа во последните моменти прецизен беше и Валакари за намалување на 2:3. Сепак, Лахти успеа да ја задржи предноста за победнички старт на Шишковски.

Дамјан е дел од генерацијата наши играчи што настапи на историското ЕП во Полска за младинци, а се пресели во Лахти на почетокот на 2018 година.

Најново во Фудбал