ПОРТУГАЛСКИ ВЕСНИЦИ НАЈАВУВААТ

Спортинг Лисабон нуди 2,5 милиони евра за Стефан Ристовски

Весникот „Бола“ пишува дека македонскиот репрезентативец во летниот преоден рок ќе дојде во редовите на португалскиот гигант. Освен Спортинг, за Стефан се интересиран и најтрофејниот грчки тим, Олимпијакос

објавено: 20 март 2017 - 11:19

Стрефан Ристовски е на пат кон Спортинг Лисабон. Според најавите од тамошните весници, македонскиот репрезентативец е на мета на португалскиот гигант. Весникот „Бола“ пишива дека летово се подготвува трансфер вреден 2,5 милиони евра.

„Зелено-белите“ од Лисабон, веќе подолго време ги следат настапите на Ристовски, кој игра во одлична форма во Хрватска. Стефан моментно е најдобар десен бек во лигата и заедно со својот тим Риека е во трка за титулата.

Освен Спортинг, за Ристовски се интересира и грчкиот првак Олимпијакос, па останува во следниот период да видиме која ќе биде следната дестинација на македонскиот репрезентативец.

Најново во Фудбал