Нашиот репрезентативец ќе го прескокне двомечот со Стеауа

Спортинг приреди драма за да го ангажира Ристовски и потоа не го вклучи во составот за плејофот во ЛШ

Стефан Ристовски ќе почека за деби во дресот на новиот клуб, Спортинг Лисабон, а македонскиот репрезентативец ќе ја прескокне и плејоф рундата за настап во Лигата на шампионите

објавено: 14 август 2017 - 16:42

Стефан Ристовски ќе почека за деби во дресот на новиот клуб, Спортинг Лисабон, а македонскиот репрезентативец ќе ја прескокне и плејоф рундата за настап во Лигата на шампионите.

Десниот бек на нашата репрезентација не е на списокот од 18 играчи на кои смета Жорге Жезус за двомечот со ФЦСБ, или поранешна Стеауа.

Спортинг направи вистинска драма при ангажманот на Ристовски од Риека и не дозволи тој да остане и да му помогне на хрватскиот првак да го мине Олимпијакос. Дури како што тврдат риечани, клубот од Лисабон одбил паричен надомест Ристовски да остане и да го одигра двомечот со Грците и потоа без пречки да се пресели во Спортинг. 

Правилата велат дека Ристовски и во случај да настапеше за Риека во плејофот, ќе имаше право да игра за Спортинг во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Најново во Фудбал