Ќе остане ли во редовите на поранешниот европски првак?

Српски медиуми: Бабунски е блиску до заминување од Црвена Звезда

Давид Бабунски е поблиску до заминување од Црвена Звезда, отколку од продолжување на престојот во редовите на поранешнито европски првак, пишуваат дел од српските медиуми

објавено: 8 декември 2016 - 10:46

Давид Бабунски е поблиску до заминување од Црвена Звезда, отколку од продолжување на престојот во редовите на поранешнито европски првак, пишуваат дел од српските медиуми. Според нив најмалку шест играчи ќе ги напуштат „црвено-белите“, а меѓу нив веројатно ќе биде и нашиот младински репрезентативец.

Бабунски ретко добива шанса да игра, што е проблем и за него и за младата репрезентација на Македонија пред настапот на ЕП во јуни, идната година.

Давид неодамна изјави дека сака да остане во Црвена Звезда и да се бори за место во првиот состав.

Најново во Фудбал