Трет пехар за кус период

Стефан Ристовски - човек за трофеи

Стефан Ристовски му се радува на третиот трофеј за неполни десеттина месеци, а вчеравечер го освои првиот со Спортинг Лисабон

објавено: 28 јануари 2018 - 08:01

Стефан Ристовски му се радува на третиот трофеј за неполни десеттина месеци, а вчеравечер го освои првиот со Спортинг Лисабон. Популарните „лавови“ по пенал-серија го победија Сетубал во финалето на Лига купот на Португалија, откако во регуларниот дел беше 1:1.

Во Брага, на неутрален терен, Спортинг бркаше негатива од 0:1, а Бас Дост успеа да израмни на 1:1 од пенал во 80. минута. Потоа се шутираа пенали, кои им донесоа среќа на „лавовите“ и на Ристовски. Ги погодија сите пет, Сетубал промаши еден, па клубот од Лисабон го освои пехарот.

Ристовски не играше, остана на клупата, но секако ќе биде запишан во историјата на Спортинг. Претходно во сезоната 2016/17 со Риека ја освои двојната круна во Хрватска, па потоа направи трансфер во клубот од Лисабон.

Најново во Фудбал