Убав период за нашиот репрезентативец

Стефан Ристовски ја чека ждрепката во ЛЕ со насмевка - Му се роди син Давид

Стефан Ристовски минува низ посебно убав период, а семејството доби нов член, синот Давид. Нашиот репрезентативец минатото лето направи одличен трансфер од Риека во Спортинг, во меѓувреме се ожени со Андреа, а денеска доби син. За да биде се во добро расположение за половина час нашиот репрезентативец ја чека ждрепката за осминафиналните двојки со Спортинг во Европа Лигата

објавено: 23 февруари 2018 - 12:30

Стефан Ристовски минува низ посебно убав период, а семејството доби нов член, синот Давид. Нашиот репрезентативец минатото лето направи одличен трансфер од Риека во Спортинг, во меѓувреме се ожени со Андреа, а денеска доби син. За да биде се во добро расположение за половина час нашиот репрезентативец ја чека ждрепката за осминафиналните двојки со Спортинг во Европа Лигата.

Вчера Ристовски играше за „лавовите“ од Лисабон против Астана, а денеска наутро доби прекрасна вест дека му се роди првото дете, синот Давид.

Честитки за Стефан и Андреа, со надеж дека и синот Давид ќе тргне по стапките на својот татко.

Најново во Фудбал