Доаѓа гигантот, цел Регион подготвува спектакуларен дочек

Стефан Ристовски ќе игра против третолигашот Олеирош - Областа Пињал е на нозе: Против Спортинг играме меч за паметење

Третолигашот Олеирош ќе му биде противник на португалскиот гигант Спортинг, вечерва од 21,15, а целиот Регион Пињал се крена на нозе, па Стефан Ристовски и неговите соиграчи ќе имаат спектакуларен дочек и моменти на гостувањето кај аутсајдерот

објавено: 12 октомври 2017 - 16:00

Третолигашот Олеирош ќе му биде противник на португалскиот гигант Спортинг, вечерва од 21,15, а целиот Регион Пињал се крена на нозе, па Стефан Ристовски и неговите соиграчи ќе имаат спектакуларен дочек и моменти на гостувањето кај аутсајдерот.

Ќе се игра мечот од третото коло во португалскиот куп, се очекува Ристовски да биде стартер за популарните „лавови“ од Лисабон, а домаќините го очекуваат дуелот со посебна возбуда.

„Ова е ден за паметење за Олеирош, но и за целиот регион Пињал. За нас меч против гигант како Спортинг е  драгоцен подарок“, вели тренерот Натан Коста.

Подарок е и за луѓето од оваа област особено по катастрофалните пожари што го зафатиоја регионот. Гостувањето на Спортинг ќе им дојде како лек на раната, а атмосферата ќе ја почуствува и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Најново во Фудбал