Нема кам-бек за македонскиот репрезентативец

Стојиќ: Ибраими ми е омилен играч, но не и треба на Олимпија

Агим Ибраими остави супер впечаток како играч на Олимпија, тоа го ценат навивачите, исто како и јас, но во моментов според концепцијата на игра не ни треба во клубот, вели Ранко Стојиќ, спортскиот директор на популарните „Змајчеки“

објавено: 10 јануари 2017 - 16:00

Агим Ибраими остави супер впечаток како играч на Олимпија, тоа го ценат навивачите, исто како и јас, но во моментов според концепцијата на игра не ни треба во клубот, вели Ранко Стојиќ, спортскиот директор на популарните „Змајчеки".

Ибраими е се уште член на Астана, но оттаму испратија сигнали дека сакаат да го ослободат од обврските, па словенечките медиуми најавија враќање на десното крило во дресот на Олимпија. Клуб во кој ја почна одисејата во Словенија, каде настапуваше и за Марибор.

„Во овој концепт на игра што сакаме да го практикуваме во пролетниот дел од шампионатот, Агим не се вклопува. Сакаме да играме со три напаѓачи кои се агресивни и ќе прават притисок на противничката одбрана, нешто што не му е карактеристика на Ибраими. Јас го цценам многу како играч, тој е одличен техничар, но во моментов не и треба на Олимпија“, вели Стојиќ.

Во Олимпија во зимскиот преоден рок дојде Даниел Аврамовски од Црвена Звезда, но по се изгледа Ибраими нема да се врати во таборот на „Змајчеки“.

Најново во Фудбал