Ни предност од 2:1 не им беше доволна

Тежок нокаут за Леванте и Барди - Еспањол ги декласира на гости во кралскиот куп

Енис Барди и Леванте прокоцкаа златна шанса да играат во четвртфиналето во кралскиот куп на Шпанија и со пораз од 0:2 на домашен терен се елиминирани од Еспањол

објавено: 11 јануари 2018 - 21:25

Енис Барди и Леванте прокоцкаа златна шанса да играат во четвртфиналето во кралскиот куп на Шпанија и со пораз од 0:2 на домашен терен се елиминирани од Еспањол.

Победата на гостински терен од 2:1 на првиот меч не им беше доволна на играчите од Валенсија да се најдат во завршницата на Копа Дел Реј.

Еспањол во реваншот, вечерва, беше многу подобар противник и со голови во првото полувреме го нокаутира ривалот.

Баптистао и Морено во 14., односно во 34. минута погодија за предност на Еспањол од 2:0, што на крајот беше и конечен резултат и сосема доволна предност за Каталонците да патуваат во четвртфиналето.

Вечерва и Севилја се проби во завршницата на купот, со нова победа против Кадиз, сега од 2:1. Со конечен резултат од 4:1 Андалузијците патуваат понатаму.

Најново во Фудбал