Блиску е до трансфер во Германија

Тодоров е блиску до настап во „Цвајта“, Гројтер фирт е следна дестинација?

Играчот на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Миле Тодоров е блиску до трансфер во Гројтер фирт, германски второлигаш кој се бори за опстанок

објавено: 21 јануари 2018 - 15:15

Играчот на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Миле Тодоров е блиску до трансфер во Гројтер фирт, германски второлигаш кој се бори за опстанок во популарната „Цвајта“.

Тодоров е дел од генерацијата наши млади фудбалери, кои со репрезентацијата за играчи до 19 години блескаа на квалификацискиот турнир во Скопје. Го освоивме првото место и обебзедивме главни квалификации, а Тодоров играше одлично и влезе во „тефтерот“ на менаџерите.

Во Гројтер прво ќе биде на проба, а ако се наметне ќе склучи и договор.

Најново во Фудбал