ЗАВРШИ СЕРИЈА „Б“

Трајковски и Несторовски преку бараж ќе бркаат „елита“

Палермо победи, но Парма и Фросиноне не „киксираа“, па така тимот од Сицилија остана на местото број 4 со само еден бод заостанување од директниот пласман во „елитата“. Сега ќе мораат преку бараж

објавено: 18 мај 2018 - 22:42

Илија Несторовски и Александар Трајковски со Палермо, го одбраа потешкиот пат да стигнат до враќање во Серија „А“. Палермо вечерва и покрај триумфот над Салернитана на гостински терен од 0:2, сепак, не успеаја да обезбедат директен пласман во „елитата“. Таму е екипата на Парма која ја порази Специја. Палермо требаше да победи, и да чека „кикс“ токму на „млекарите“ и на Фросиноне, за да влезе ранг погоре. 

Сепак, Несторовски и Трајковски сега се во полуфиналето од баражот, и ќе се паднат против еден од тимовите на Венеција, Бари, Цитадела и Перуџа. Потоа преку финалето ќе го бркаат пласманот во „елитата“. 

За Палермо настапи само Алекс Трајковски кој играше цел меч, додека поради повреда го немаше Илија Несторовски. Токму отсуството на капитенот во финишот од првенството е една од причините што Палермо не успеа да обезбеди директен пласман во Серија „А“. 

Најново во Фудбал