МАКЕДОНЕЦОТ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА СОИГРАЧОТ

Трајковски: Палермо не можеше да добие подобар капитен од Нестор

Македонскиот тандем, Александар Трајковски и Илија Несторовски ги започнаа подготовките со Палермо за новата сезона, во која италијанскиот тим ќе се натпреварува во Серија Б.  

објавено: 21 јули 2017 - 16:20

Македонскиот тандем Александар Трајковски и Илија Несторовски ги започнаа подготовките со Палермо за новата сезона, во која италинаскиот тим ќе биде дел од Серија Б.

Трајковски на редовната прес-конференција, истакна дека неговиот соиграч и голем пријател, Несторовски е вистински избор кога станува капитенската функција.   

„Тој не само што ми е соиграч тука и во репрезентацијата, туку е и мој личен пријател. Тој секогаш дава максимум, а со капитенската лента ќе биде уште подобар.

Минатата сезона не беше моја сезона. Спротивно, сега мислам дека следната ќе биде токму онаа во која ќе одиграм на потребното ниво. Собирам совети од новите тренери во клубот, и заедно правиме да бидат подготвен за она што предстои", изјави Александар Трајковски.

 

Најново во Фудбал