Алиоски има нов тренер

Трамецани го менува Манзо на клупата на Лугано

Езџан Алиоски ќе има нов тренер во Лугано за пролетниот дел од сезоната, а на местото на Андреа Манзо кој доби отказ доажа неговиот сонародник од Италија Паоло Трамецани

објавено: 20 декември 2016 - 18:34

Езџан Алиоски ќе има нов тренер во Лугано за пролетниот дел од сезоната, а на местото на Андреа Манзо кој доби отказ доаѓа неговиот сонародник од Италија Паоло Трамецани.

Лугано играше слабо во финишот од есенскиот дел и се наоѓа во долниот дел од табелата, па отказот за Манзо беше очекуван. Алиоски и неговите соиграчи му даваа поддршка за да остане, но раководството на Лугано има поинакви планови и одлучи да му врачи отказ на Манзо.

Трамецани до трансферот во Лугано, му беше помошник на албанскиот селектор Џани Де Бјази, но го напушти стручниот штаб на „орлите“ и ја прифати понудата на челниците на Лугано и ќе биде промовиран во следните неколку денови.

Најново во Фудбал