МАКЕДОНСКИОТ СТРУЧЊАК КАНДИДАТ ЗА КЛУПАТА НА БУДУЌНОСТ

Треневски се сели во Подгорица?

По заминувањето на Вермезовиќ, Треневски се спомнува како најсериозен кандидат за преземање на функцијата во најпопуларниот црногорски клуб

објавено: 12 мај 2018 - 19:20

Виктор Треневски се споменува како главен кандидат за преземање на тренерската функција во Будуќност од Подгорица. Поранешниот црногорски првак му врачи отказ на Владимир Вермезовиќ, а сега сакаат во своите редови да го донесат македонскиот стручњак, кој штотуку си замина од Дечиќ. Треневски како тренер има работено во Словенија, Македонија и Црна Гора. Како негов противкандидат за местото тренер на Будуќност се спомнува Босанецот Едис Мулалиќ. 

Најново во Фудбал