ПОБЕДА И НА ВТОРИОТ НАТПРЕВАР

Тричковски и Мојсов ќе играат во финалето на Купот на Кипар

АЕК Ларнака со двајцата Македонци во составот, триумфираше и на реваншот во полуфиналето од Купот, и си закажа финале со Аполон

објавено: 25 април 2018 - 22:13

Даниел Мојсов и Иван Тричковски нема да се борат за големиот пехар во првенството на Кипар, но затоа со денешниот триумф над АПОЕЛ и на реваншот во полуфиналето, ќе играат за трофејот во Купот. 

АЕК Ларнака со двајцата Македонци во составот, триумфираше со 1:2, и со вкупни 4:1 си закажа финале со Аполон, со кого ќе се бори за пехарот од ова натпреварување, воедно и за пласман во Лигата на Европа. 

И покрај тоа што беше повреден, сепак, Даниел Мојсов „стисна“ заби и одигра 90. минути, додека Тричковски беше заменет во 55. минута од средбата. 

Најново во Фудбал