НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО КИПАР И ИТАЛИЈА

Тричковски даде два гола, Богатинов бранеше едно полувреме, Несторовски и Трајковски со трет пораз во низа (Видео)

Тимот на АЕК Ларнака во кој настапуваат Иван Тричковски и Даниел Мојсов, убедливо со 6:1 славеа против Ахнас на чиј гол е Мартин Богатинов

објавено: 17 февруари 2018 - 16:58

Иван Тричковски немаше милост кон некогашниот репрезентативен соиграч, голманот Мартин Богатинов. Напаѓачот Тричковски, во дресот на АЕК Ларнака успеа да го матира Богатинов кој ја чува мрежата на Ахнас. АЕК пред своите навивачи славеше со убедливи 6:1, а популарниот Тричко погоди по еднаш во двете полувремиња. 

Првиот гол го даде во 45 минута, за водство од 3:0, а потоа погоди и во 71, кога зголеми на 5:0. Во 75 минуа Тричковски беше заменет. Цел меч во дресот на АЕК го одигра Даниел Мојсов, додека на спротивната страна, Богатинов бранеше само во првото полувреме, кога излезе од игра, но и неговата замена прими три гола во вториот дел.  

Во италијанската Серија Б, неуспешен настап имаа двајцата офанзивци на Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски, откако нивниот тим загуби на гости кај Перуџа со 1:0. Несторовски кој е капитен на Палермо, во игра влезе во 61 минута, но не донесе промена во играта. Трајковски беше стартер и играше до 84 минута. Перуџа даде гол во 92 минута, што значеше и трет пораз во низа на Палермо. 

 

Најново во Фудбал