Победа на македонското дуо за печат на европски пласман

Тричковски не промашува против Омонија

Иван Тричковски пак ја погоди мрежата на Омонија и со стартен погодок во дербито ја најави победата на АЕк од Ларнака

објавено: 17 март 2018 - 17:09

Иван Тричковски пак ја погоди мрежата на Омонија и со стартен погодок во дербито ја најави победата на АЕк од Ларнака. Во 26. минута македонскиот репрезентативец беше прецизен за 0:1, а потоа погодуваа и Акоран и Тете за убедлива победа на гостите од 3:1.

Тричковски во финишот на мечот беше заменет, а до крај одигра Даниел Мојсов во одбраната на АЕК. Клубот од Ларнака со 59 бодови се врати на третата позиција, но има меч повеќе и бод повеќе од Анортозис. Првите три позиции водат во европските купови.

Најново во Фудбал