Продолжува во редовите на лидерот во Кипар

Тричковски останува верен на АЕК, продолжува одисејата во Ларнака до 2020 година

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака и останува во редовите на лидерот во кипарското првенство до 2020 година

објавено: 20 ноември 2017 - 14:09

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака и останува во редовите на лидерот во кипарското првенство до јуни 2020 година.

Македонскиот репрезентативец пристигна во клубот од Ларнака, лани, а сега одлучи да продолжи и понатаму во една од најдобрите екипи во оваа земја.

Интересно е што АЕК му е јубилеен десетти клуб во кариерата на 30-годишниот напаѓач, кој ја почна авантурата на Кипар во АПОЕЛ, клубот кој му е најголем ривал на АЕК за титулата во кипарското првенство. 

Најново во Фудбал