Двајцата наши репрезентативци изведуваа пенали

Тричковски погоди од пенал, Ејупи утна, АЕК Ларнака и Осиек победија

Иван Тричковски погоди од пенал за АЕК Ларнака во победата од 5:0 против Линкол од Гибралтар, а Музафер Ејупи утна од белата точка за Осиек, но сепак неговиот тим победи со 1:0 против Санта Колома од Андора на гостински терен

објавено: 29 јуни 2017 - 20:59

Иван Тричковски погоди од пенал за АЕК Ларнака во победата од 5:0 против Линколн од Гибралтар, а Музафер Ејупи утна од белата точка за Осиек, но сепак неговиот тим победи со 2:0 против Санта Колома од Андора на гостински терен.

И двајцата наши репрезентативци ги шутираа пеналите во финишот на мечевите од првата квалификациска рунда за пласман во Европа Лигата.

И се големи фаворити за пласман во втората рунда. Финишот на мечот беше кобен за третиот наш репрезентативец, Кире Ристевски, кој вечерва настапи за Вашаш. Унгарците на чуден начин го прокоцкаа водството од 3:1 во Ерусалим, па Беитар со голови во 88, 91 и 92 минута, славеше со 4:3. Ристевски го одигра целиот меч.

Најново во Фудбал