МАКЕДОНСКИОТ ДУЕЛ НА КИПАР ЗА АЕК ЛАРНАКА

Тричковски со гол го сруши Алки на Трајчевски (видео)

Голгетерот го постигна осмиот гол во првенството на Кипар

објавено: 10 февруари 2019 - 19:05

Иван Тричковски во 54. минута од средбата АЕК - Алки, го постигна вториот гол за домашниот тим, со кој ја запечати победата на својот тим од 2:0, постигнувајќи го осмиот гол во првенството на Кипар. 

Ова беше воедно и дуел на Македонците на Кипар, со оглед дека на другата страна играше Душко Трајчевски. За домашниот тим играше и Даниел Мојсов. 

Најново во Фудбал