АЕК ЛАРНАКА СО ПОБЕДА И НА ВТОРИОТ МЕЧ ОД КУПОТ

Тричковски со гол завери четвртфинале

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски и неговиот тим АЕК Ларнака се пласираа во четвртфиналето во Купот на Кипар, откако го совлада Арис со 2-1 и на вториот натпревар. 

објавено: 14 февруари 2018 - 17:57

Иван Тричковски и АЕК Ларнака со победа го потврдија пласманот во четвртфиналето на кипарскиот Куп. Македонскиот репрезентативец на вториот меч се запиша во листата на стрелци, тој во 32. минута го постигна израмнувачкиот гол 1-1, а конечните 1-2 ги постави Роусиас во 82. минута.

Во четвртфиналето, АЕК Ларнака патува со вкупна победа од 6-1.  

Најново во Фудбал