НАШИОТ НАПАЃАЧ ГИ ТРЕСЕ МРЕЖИТЕ НА КИПАР

Тричковски со јубилеен 10 гол за АЕК сезонава

Македонскиот репрезентативец погоди во 38 минута за водство на тимот од Ларнака од 2:0 на полувремето против Аполон

објавено: 31 март 2018 - 18:52

Иван Тричковски продолжува со добрите игри во дресот на АЕК Ларнака. Репрезентативецот погоди во 38 минута за водство од 2:0 на дуелот против Аполон, кој е во тек. За Триковски ова е јубилеен 10 погодок сезонава во кипарското првенство, во 24 одигран дуел. 

Голот на популарниот Тричко има поголема тежина, ако се знае дека е постигнат против лидерот кој во досегашните 29 меча има само еден пораз. Доколку АЕК Ларнака успее да продолжи во ист ритам, тоа ќе биде втор пораз за Аполон, а Ларнака ќе се искачи на третото место на табелата, кое води во квалификациите за Лигата на Европа. 

Најново во Фудбал