ЕКС – ВАРДАРЦИТЕ ВО МЕЃУСЕБНА БИТКА ЗА ТРОНОТ

УНГАРИЈА: Дуел Николов – Спировски, за титула се работи!

Лани ова време заедно славеа титула со Вардар, денеска еден против друг во дресовите на Видеотон и Ференцварош

објавено: 5 мај 2018 - 14:10

Вечерва (19:30) се игра веројатно решавачката средба за првото место во првенството на Унгарија. Се среќаваат Видеотон, кој е втор со 58 бодови, и Ференцварош кој пак е лидер со бод повеќе.

За нас е интересна таа средба зошто во двете екипи играат Бобан Николов и Стефан Спировски, актуелните репрезентативци на Македонија. Лани оваа време заедно се радуваа на титулата со Вардар, вечерва ќе се „тепаат" кој да биде шампион на Унгарија.

Домаќин ќе биде Николов, мечот се игра на „Панчо Арената" во градчето Фелцсуит. Билетите, само 4.000, одамна се распродадени. Покрај овој натпревар до крајот остануваат уште четири кола, но јасно е дека кој ќе победи речиси 90% ќе ја има титулата в џеб.

Николов или Спировски, важно е дека таа ќе има „македонски" шарм.

Најново во Фудбал