Енис Барди без сомнение се очекува и наредната натпреварувачка сезона да биде страв и трепет за секој голман во најквалитетната шпанска лига.
Нашиот играч од 26 одиграни натпревари постигна девет голови и најголемиот дел од нив беа реализирани од слободен удар.
А таквите ремек дела не поминаа незабелижливо и од страна на официјалниот Јутјуб канал на „Ла Лига" кој ги објави најдобрите 10 голови постигнати од слободен удар за изминатата сезона 2017/2018.
Барди на оваа Топ 10 листа го има двапати, на седмото место и погодокот против Реал Сосиедад, и на втората позиција против Депортиво Ла Коруња, веднаш зад првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.