МАКЕДОНЕЦОТ ОСТАНУВА ВО „БОРДО ТИМОТ“

Велкоски го продолжи договорот со Сараево

Иако имал сериозна понуда од друг клуб нашиот фудбалер реши да остане во „бордо тимот"

објавено: 10 јануари 2019 - 15:42

Крсте Велкоски потпиша нов договор со Сараево со важност до 2021 година. Неговиот стар договор истекуваше во јуни, а клубот задоволен од неговите услуги реши да му понуди нов што македонскиот напаѓач го прифати.
Мило ми е што се договоривме со Сараево и што ќе играм за овој клуб во наредните години. Се надевам дека ќе ги оствариме целите. Убаво ми е во Сараево и не се двоумев околу изборот иако на маса имав сериозна понуда од странство", изјави Велкоски.
Сараево е лидер на табелата во шампионатот на БиХ со пет бодови повеќе од најблискиот ривал Зрињски.

Најново во Фудбал