Пак ќе игра на Кошево

Велкоски се врати во Сараево (Фото)

Крсте Велкоски се врати во Сараево и повторно ќе игра во клубот од Кошево, каде мина две прекрасни години од 2014 до 2016 година

објавено: 28 јуни 2017 - 14:14

Крсте Велкоски се врати во Сараево и повторно ќе игра во клубот од Кошево, каде мина две прекрасни години од 2014 до 2016 година. Со Сараево беше и првак во првата сезона, а сега повторно е во „бордо“ дресот на гигантот од БиХ.

„За мене Сараево е повеќе од клуб и тука ми е вториот дом. Ајде Сараево време е по втор пат да ме претставиш“, изјави Велкоски.

Последен клуб на македонскиот интернационалец беше тајландскиот Након.

 

Најново во Фудбал