МАКЕДОНЕЦОТ ЈА ПРОДОЛЖИ ГОЛ–СЕРИЈАТА ВО БИХ

Велкоски со гол, Сараево до победа... (видео)

Крсте Велкоски на гости кај тимот на Радник, во 45+2.минута од пенал му донесе водство на Сараево, подоцна домашните израмнија на 2:2. Во 90.минута Велкоски ја погоди пречката на домашниот тим. Сепак Сараево победи со гол во 93.минута

објавено: 5 мај 2018 - 16:13

Крсте Велкоски ја продолжува гол – серијата во дресот на Сараево. Македонскиот напаѓач, на гости кај Радник, во 45+2.минута успеа од пенал да му донесе водство на својот тим од 2:1. Сепак „бордо" тимот во второто полувреме прими гол, па така овој меч во финишот беше 2:2. Во 90.минута Велкоски можеше да донесе победа, но од само пет метри ја погоди пречката на Радник. Сепак Сараево успеа во 93. Минута да постиге гол и да победи со 3:2.
Овој гол на Велкоски беше 12 во првенството, со што тој изби на второто место на листата на стрелците во шампионатот на БИХ.

 

Најново во Фудбал