Уште еден млад репрезентативец го напушта Вардар

Велковски се договори со Риека, од лето ќе игра на Руевица

Дарко Велковски се договори со хрватскиот првак Риека и ќе биде нов играч на клубот од ова лето

објавено: 31 јануари 2018 - 19:16

Дарко Велковски се договори со хрватскиот првак Риека и ќе биде нов играч на клубот од ова лето. Стоперот на Вардар и на македонската репрезентација е само еден од низата млади играчи на нашиот шампион што си заминува.

Тој од пред некој ден не е на подготовките со Вардар во Анталија, а се врати во Скопје зад ја санира повредата. Во меѓувреме се договори за трансфер во Риека, каде ќе му се приклучи на 19-годишниот Милан Ристовски.

Велковски доби одлична препорака кај раководството на Риека од постариот брат на Милан, Стефан Ристовски, кој беше дел од златната генерација на клубот, кој лани ја освои првата и историска титула во Хрватска. 

Најново во Фудбал