За првпат ќе имаме фудбалер во Египет

(Видео) Александрија си дочека бомбардер, Најденов ќе ужива на „Бурж Ел Араб“ пред 86 илјади гледачи

Бојан Најденов ќе биде првиот македонски фудбалер што ќе игра во Египет, откако потпиша договор со Смуха, клуб од Александрија

објавено: 29 август 2017 - 12:40

Бојан Најденов ќе биде првиот македонски фудбалер што ќе игра во Египет, откако потпиша договор со Смуха, клуб од Александрија.

Најденов го прифати предизвикот и ќе игра во петтопласираната екипа во египетското првенством, а Александрија си го дочека својот бомбардер. Смуха е од Александрија, а го има еден од најголемите стадиони во арапскиот свет. „Бурж Ел Араб“ стадионот на кој игра Смуха има капацитет од 86 илјади места, па Бојан ќе ужива во престојот во Египет. И во дерби мечевите со гигантите Ал Ахли и Замалек.

Инаку, Бурж ел Араб е деветти најголем стадион на планетата.

Најново во Фудбал