Одлично соработуваат

Во Копривница си пеат „Има нека тајна веза....“ - Китановски му асистира на Ивановски, Славен реди победи

Томе Китановски и Мирко Ивановски одлично соработуваат во Славен Белупо, а македонскиот тандем во Копривница, сам го скрои вториот погодок за домаќините во победата од 2:0 против Рудеж

објавено: 9 март 2018 - 19:49

Томе Китановски и Мирко Ивановски одлично соработуваат во Славен Белупо, а македонскиот тандем во Копровница, сам го скрои вториот погодок за домаќините во победата од 2:0 против Рудеж.

Во 82. минута проработе македонската врска во Славен, Китановски му асистираше на Ивановски, а шпицот на домашниот тим рутински погоди. Сега тој е на делба на третата позиција на листата на стрелците во ХНЛ со 9 погодоци, а Китановски ја запиша и втората асистенција на петтиот меч што го игра за Славен.

Нивнито клуб освои 10 пролетни бодови од можни 15 и го осигура опстанокот во хрватската Прва Лига.

Најново во Фудбал