Убаво е кога си лидер и кога те почитуваат во странски клуб

Во Ситард за Ашковски се пее и знамето се вее (Фото+Видео)

Фортуна Ситард гази се пред себе, а значаен дел од победничкиот мозаик на лидерот во Холандија е и македонскиот интернационалец Стефан Ашковски. Омилен меѓу соиграчите, со прекрасни игри и голови 26-годишниот фудбалер е меѓу најдобрите во втората холандска лига

објавено: 3 април 2018 - 16:55

Фортуна Ситард гази се пред себе, а значаен дел од победничкиот мозаик на лидерот во Втората лига на Холандија е и македонскиот интернационалец Стефан Ашковски. Омилен меѓу соиграчите, со прекрасни игри и голови 26-годишниот фудбалер е меѓу најдобрите во втората холандска лига. Стефан е втор стрелец на Фортуна со 12 погодоци, вкупно е на делба на 13. позиција на списокот со најдобри стрелци, што само го потврдува неговиот голем придонес кај првопласираната екипа во Втората лига.

Видеоматеријалот што ексклузивно го објави „Спортмедиа“ од соблекувалната на Фортуна Ситард е голема чест и за Ашковски и за Македонија, а на секој меч на Фортуна во Ситард редовно е присутно и нашето знаме. Или, во Ситард за Ашковски се пее и знамето се вее..

 

Најново во Фудбал